Ждрепка: Тотнем го исфрли Сити, па за противник во четвртфиналето го доби Манчестер јунајтед

Веднаш по завршувањето на осминафиналните натпревари од англискиот Лига Куп, беше извршена ждрепката за четвртфиналето.

Најинтересна двојка е дуелот меѓу Тотнем и Манчестер јунајтед. Спарси го елиминираа Манчестер Сити за да дојдат до тука, а сега за противник го добија нивниот градски ривал.

Арсенал ќе има лондонски дуел со Кристал Палас, Њукасл ќе го пречека Брентфорд, а Ливерпул ќе му гостува на Саутемптон.