Зенит ќе има балкански тандем во одбрана: Ловрен за 10 милиони фунти доаѓа од Ливерпул

Рускиот првак Зенит ќе добие српско-хрватски тандем во дефанзивната линија, откако хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен по шест години во Ливерпул и освоиени европска и премиерлигашка титула за 10 милиони фунти доаѓа во Санкт Петербург.

Како што најави англиски „Тајмс“, Зенит и Ливерпул практично се пред договор за Ловрен кој треба да го засили рускиот првак и во централниот дел на дефанзивата да заигра со Србинот Бранислав Ивановиќ.

Две недели траеле преговорите на Ливерпул, Зенит и Ловрен и на крај е најдено решение за да се реализира трансферот.

Ловрен во последните две години слабо играше за Ливерпул, па Зенит сега е негова шанса повторно да има сериозна минутажа, што најмногу ќе го израдува и селекторот на „коцкестите“ Златко Далиќ, зашто пред Евро 2020 идното лето, ќе го има својот стопер во полна форма и со сериозна минутажа, што немаше да биде случај ако останеше на „Енфилд“.