Завршува ерата на Гвардиола во Сити, место него доаѓа друг Шпанец!?

Како што одминува сезоната, станува јасно дека престојот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити завршува претстојното лето, по девет години поминати во клубот.

Шпанскиот стручњак освои се што можеше да се освои и секако ќе биде запишан со златни букви во историјата на клубот, но неговиот договор истекува во јуни и како што стојат работите, нема да има негово продолжување. Менаџментот на Сити веќе е во потрага по наследник и по се изгледа на местото на Гвардиола ќе дојде друг Шпанец.

Станува збор за Чаби Алонсо кој претходните месеци се поврзуваше со Реал и Ливерпул, но во приказната се вклучи Манчестер Сити и овој клуб сега има најголеми шанси да го донесе кај себе. Ливерпул летоска го ангажира Арне Слот со повеќегодишен договор, додека Реал не планира да се раздели со Анчелоти, па Алонсо би го презел големиот товар да наследи стручњак како Гвардиола.

Веста ја потврди и германскиот новинар Флоријан Петерберг кој објави дека Сити покажал конкретен интерес за Алонсо што е доволен доказ дека Гвардиола си оди. Со изборот на поранешниот шпански репрезентативец се согласни и навивачите на Манчестер Сити бидејќи сметаат дека Алонсо може да ги продолжи успесите на Гвардиола.