Зарем е можна ваква грешка: Салцбург зимава ќе го загуби Халанд за – ситни пари?!

Норвешкото „чудо од дете“ Елринг Халанд, бомбардерот од Ред Бул Салцбург, откако блесна сезонава го сврте вниманието на сите европски великани, кои сега се тркаат за да го ангажираат, а наводно цената за младиот центрафор веќе достигнала 100 милиони евра.

Халанд во Салцбург дојде за пет милиони евра од Молде, па за неполна година таа цена се зголеми за 20 милиони евра, но... Според гермнаски „Билд“, Салцбург може веќе во јануари да го загуби Халанд и тоа за – смешни пари.

Германскиот весник посочува дека во договорот на Халанд со Салцбург има „глупава клаузула“ во која веќе во јануари норвешкиот талент може да си оди за само 20 милиони евра, што во денешно време се премалку пари, зашто просечните трансфери на ѕвезди веќе достигнуваат трофцифрена бројка на милиони евра.

Сега останува да се види дали информациите на „Билд“ се точни и дали Салцбург ќе ги демнатира овие пишувања. Халанд има 27 гола на 20 меча за Салцбург сезонава, а е единствен играч во историјата на Лигата на шампионите, кој успеал да даде гол на пет меча по ред во групната фаза.