
„Заборавете на публика во Ла Лига, не сакаме втор бран на коронавирус!“
Иако се појавуваа најави низ медиумите дека е можно завршницата од сезонава која се доигрува во моментов да ги отвори капиите на стадионите, сепак такво нешто нема да се случи, а според изјавите прашање е дали до крајот на годинава ќе биде возможно навивачи да има на фудбалските мечеви.
„Мерките за безбедност се направени така што сезонава секако ќе заврши без гледачи. Фудбалот привлекува голем број на гледачи и не е стадионот театар или кино. Дури и да го намалиме капацитетот, тоа значи бројка до 30.000 гледачи. За разлика од останатите сектори, фудбалот е многу поразличен“, вели Лозано.
Првиот човек на Ла Лига, Тебас посочува дека поголем проблем е собирањето на навивачите пред мечевите, отколку самиот меч и поради тоа не сакаат да преземат ни најмал ризик.
„Враќањето на навивачите на трибините не е наш приоритет во моментов. Големи проблеми носи разлабавување на такви мерки, прво зашто голем број на навивачи се собираат пред стадионите. Тоа е поголемиот проблем отколку самото присуство на трибините. И не смее да ги разлабавиме мерките, а потоа да се соочиме со втор голем бран на Ковид-19“, вели Тебас.