Вулверхемптон го среди Кристал Палас и скокна до трето место на табелата (ВИДЕО)

Вулверхемптон им се врати на победите во Премиерлигата, откако денеска го совлада Кристал Палас со 2-0 и се искачи на третото место на табелата.

Аит Нури во 18. минута од мечот погоди за 1-0, по што Поденсе зголеми на 2-0. Гостите од Лондон се обидоа да стигнат барем до гол, но едноставно не успеаа да ги искористат нивните шанси.

Вулвс се на третата позиција со 13 бодови по седум одиграни меча, додека Кристал Палас има 10 и се наоѓа на деветтото место.