Нов скандал на Конор – нокаутираше маж на Ибица! (ВИДЕО)

Конор Мекгрегор повторно се најде во центарот на вниманието поради скандал откако се појави снимка на која се гледа како Ирецот удира гостин во ноќен клуб на Ибица.

На видеото кое го објави британскиот таблоид „Сан“ може да се види како Конор удира непознат маж кој во тие моменти држи пијалок во раката. Инцидентот се случува по краток разговор помеѓу двајцата, иако на почетокот не изгледа како расправија.

„Очигледно лицето кажа нешто што налутило Конор и тој така реагираше. Човекот падна, а другарите му помогнаа да стане и да излезе од клубот“, изјавил еден од сведоците на настанот.

Моментот на видеото се случува во 5:53 часот наутро, а претходно во текот на вечерта Ирецот беше во друштво на манекенката Кети Прис, но бил забележан и на други популарни локации на познатиот остров.