Втор гол за Ристовски за Трнава за втора победа во низа
Откако пред репрезентативната пауза Ристовски во судиското надополнување даде гол за победа со 3-2 против Дунајска Стреда, сега доскорешниот младински репрезентативен центарфор погоди во нов триумф, за да влезе во голгетерски ритам после тешката повреда на скочниот зглоб заработена на тренинг на Риека уште во есенскиот дел од сезонава.
Спартак Трнава со победата сега се израмни бодовно со третата Жилина, по 41 бод, шест помалку од втората Дунајска Стреда.
Тој дојде на заем во Трнава за да се врати во гол-форма, откако и во минатата сезона блескаше во Словачка, како член на Нитра.
Ристовски е брат на македонскиот репрезентативен десен бек Стефан.