
„Време беше да се сруши Сан Сиро, се рушеа и Маракана и Вембли“
Стадионот од пред два дена е сопственост на Интер и Милан кои наскоро ќе го почнат процесот на рушење за потоа, за 1,2 милијарди евра да изградат нов заеднички дом на кој ќе се играат натпревари од Европското првенство во 2032 година. Виери смета дека е дојдено време да се збогуваат со Сан Сиро, за доброто на сите.
„Конечно ќе имаме стадион каков што заслужува град како Милано. Ќе останат убави спомени, но тоа што не можеме да организираме Европско првенство или финале од ЛШ е неприфатливо. Всушност, ние сме единствена држава која игра на стадиони стари над 50 години. Се срушија Маракана и Вембли и сега има таму модерни арени, прилагодени на денешните потребни на фудбалот и општеството“, смета Виери.
Оригиналниот Сан Сиро е изграден во 1925 година, првите десет години беше сопственост на Милан, а потоа е предаден на градот Милано кој го управуваше досега.