Во Скандинавија се делат корисни награди - фудбалер доби 55 килограми компири! (ФОТО)

Францускиот дефанзивец Максим Салас од данскиот клуб Сондерјиске доби 55 килограми млад компир како награда за играч на натпреварот, ова не е прв ваков случај во Скандинавија.

Претходно норвешкиот клуб Брине стана хит поради слични награди, меѓудругото тие на фудбалер за играч на мечот му дадоа и четири табли со јајца.

Сега данскиот Сондерјиске додели 55 килограми компири.

Колку и да изгледа смешно, ова дефинитивно се награди кои се многу покорисни од некоја статуетка која ќе фаќа прашина. Можеби овој пример треба да се рашири и на другите делови од Европа.