Во Рим им преседна корона-кризата: Рома нема да добие нов сопственик!

Иако практично предавањето на сопственоста на италијанска Рома беше пред реализација, експлозијата од коронавирус во Европа и светот го сопре проектот, ама на крај во „вечниот град“ им преседна проблемот со Ковид-19, покрај карантинот, ужасите што Италија ги преживеа во последните три месеци.

Според последните информации, Рома нема да добие нов газда, а Италијанецот од САД, Џејмс Палота, кого никој навивачите не го сака останува прв човек на клубот. Причина е што заинтересираната групација „Фридкин“ сериозно ја намалила понудата за купување на италијанскиот калчолигаш, па Палота ја одбил и целиот процес практично е пропаднат.

Пред да избувне пандемијата, „Фридкин групацијата“ понудила 710 милиони евра и таа цена била прифатлива за актуелниот газда. Но, целиот процес откако го запре Ковид-19, а почна да се чувствува и ефектот врз економијата, американските инвеститори решија да ја поништат истата и да се обидат за помалку пари да го купат клубот. Но, сега ново понудените 475 милиони евра се неприфатливи за Палота, па клубо останува во негови раце.

Италијанската Серија А треба да се рестартира на 20 јуни, а една недела претходно ќе се одиграат мечевите во Купот.