Во последните два месеци Лукаку постигна повеќе голови од својот поранешен клуб
Лукаку постигна вкупно девет гола во италијанскиот шампионат, а интересно е, ако ги броиме изминатите два месеци, тој е поефикасен од поранешниот клуб Манчестер Јунајтед.
Лукаку во овој период постигна осум гола, а клубот во кој не добиваше посакувана минутажа - само седум.
Во Манчестер сигурно се жалат за Лукаку, кој игра во одлична форма, а во Интер се надеваат дека конечно можат да го симнат Јувентус од тронот.
Нова можност за да ја зголеми оваа бројка на погодоци Лукаку ќе ја има во вторник навечер, кога Интер ќе гостува во Германија кај Борусија Дортмунд, во натпревар од Лигата на шампионите.