Во Јунајтед не жалат по Де Хеа, Онана е фантастичен оваа сезона!
Де Хеа вчера одбрани два пенали за Фиорентина и имаше уште неколку одлични интервенции, беше играч на мечот во победата над Милан, па многумина ја критикуваа одлуката на Манчестер јунајтед да се откаже од него и да го донесе Онана.
Поранешниот голман на Ајакс и Интер, не се прослави во дебитантската сезона на Олд Трафорд, но оваа е поинаку.
Андре Онана е еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити досега, дури четирипати ја сочува мрежата во Премиерлигата во досегашниот дел од сезоната, што е најмногу од сите голмани. Нема киксови како минатата година.
Според англиските медиуми, стручниот штаб на Манчестер јунајтед е многу задоволен од перформансите на Онана и од тоа како се развива во втората негова сезона во клубот.