Легендарниот Трпе Мартиновски како од шега го истрча целиот Скопски маратон!

Легендата на македонското маратонско трчање, Трпе Мартиновски иако е веќе навлезен во 60-тите години од животот, успешно го истрча и вчерашниот Скопски маратон.

Трпе Мартиновски на Скопскиот маратон учествува од неговото прво издание од 1997 година кога беше и најдобропласиран Македонец.

Тој е поранешен рекордер на Македонија во оваа дисциплина со време од 2:25:06. Вчерашниот маратон го истрча за 4 часа.

Очигледно Мартиновски не може без трчањето, љубовта кон маратоните е огромна, посилна од годините кои ги има.