Македонска репрезентативка во фудбал како да играше ракомет - постигна 11 гола!

Македонската фудбалска репрезентативка, Афродита Салихи, одигра во ракометен стил во ептен убедливиот триумфот на нејзиниот тим Кочани на гостувањето кај Борец Велес (16-1), откако средбата ја заврши со двоцифрен број погодоци.

Ова беше средба од Втората лига во која 35-годишната фудбалерка дури 11 пати ја затресе противничката мрежа. Салихи е една од најдобрите македонски фудбалерки во историјата, која годинава се збогува од националниот тим по прославениот јубилеј од 100 натпревари во жолто-црвениот дрес.

Во женската второлигашка конкуренција викендов имаше уште еден неверојатен резултат и тоа во дербито за Валандово во кое Вардар ја совлада Победа со 13-1.