Во идеалниот тим на Бензема, нема место за Меси и Роналдо!

Карим Бензема го состави идеалниот тим на фудбалери од сите времиња, а изненадувачки во него немаше место ниту за Лео Меси, ниту за Кристијано Роналдо.

Со Роналдо долги години беше соиграч во Реал Мадрид, но и покрај тоа Португалецот не се најде во најдобрите 11 на Бензема.

На голот е Мануел Нојер, во одбраната има дури тројца од Реал Мадрид, Марсело, Пепе и Серхио Рамос, друштво им прави Дани Алвес.

Дефанзивно во средниот ред е Клод Макелеле, пред него се Погба и Зидан, во нападот покрај самиот Бензема е бразилскиот Роналдо, а позади нив е Роналдињо.