Во Барселона „врие“: Меси јавно го прозва Абидал

Ситуацијата во Барселона е далеку од идеална, а тоа го потврдува и реакцијата на Лионел Меси на интервјуто на спортскиот директор Ерик Абидал, дадено за весникот „Спорт“.

Французинот изјави дека многу играчи не биле задоволни од отказот на Валверде и дека не работеле многу на тренинг и на теренот за време на натпреварите.

Меси, кој е капитен на тимот откако го прочита интервјуто веднаш се јави на „Инстаграм“ и го прозва Абидал.

„Искрено не сакам да правам вакви работи, но мислам дека сите треба да бидат одговорни за својата работа и своите одлуки. Играчите се одговорни за она што се случува на теренот и воедно ние сме први што признаваме кога не сме играле добро. Тие што се одговорни за спортскиот дел во клубот треба да си ги преземат одговорностите и најмногу од се треба да ги преземат олуките што ги донеле. Ако зборуваш за играчите, треба да кажеш и имиња, бидејќи ако не сакаш тогаш не оцрнуваш сите нас“, беше одговорот на Меси.