Влаховиќ само што потпиша со Јувентус веднаш ќе биде – казнет!

Српскиот интернационалец, Душан Влаховиќ, точна на својот 22 роденден потпиша договор со екипата на Јувентус, но двојната причина за славје беше нарушена со информацијата дека ќе биде казнет поради нарушување на протоколите поврзани со коронавирусот.

Тој во Торино дошол со позитивен тест на Ковид-19, со што го прекршил правилото за задолжителна изолација.

„Секој што има примени три дози од вакцината, мора да седи дома седум дена помеѓу позитивниот и негативниот тест за коронавирусот. Тоа се правилата. Ако излезе од изолација, тоа е кршење на правилата и автоматска казна. Акцијата што ја презедовме е задолжителна, мирни сме и во четврток ги презедовме сите неопходни мерки“, изјави Џорџо Гарофало, директор за јавно здравје во Кризниот штаб на Торино.

Тој соопшти дека Влаховиќ не добил никаква дозвола да отпатува во Торино на медицински прегледи и потпис со Јувентус, поради што е регистриран како прекршител на задолжителниот карантин. Како ќе биде казнет, ќе биде соопштено наскоро.