
Влаховиќ: Не ме интересираат други клубови, сакам да освојувам со Јуве!
Од време на време се појавуваат шпекулации кои го поврзуваат Влаховиќ со заминување од Јувентус, но неговата желба е да остане во клубот.
„Имам договор со Јувентус на уште две години, среќен сум тука. Сакам да освојам важни трофеи со Јувентус“, вели Влаховиќ.
„ПСЖ или Челси? Слушнав за гласините, но не ме интересираат такви приказни“.