Винисиус неизвесен за Ел Класико

Еден од најдобрите играчи на Реал, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти неделното дерби против Барселона поради повреда што ја доживеа на синоќешниот меч со Манчестер Сити.

Бразилецот го напушти теренот во 101. минута поради грчеви во мускулите, а шпанските медиуми тврдат дека ситуацијата воопшто не е наивна. Повеќе информации за состојбата на Винисиус ќе има утре кога на ногата на крилниот играч ќе бидат извршени дополнителни тестови.

Винисиус е кошмар за екипата на Барселона бидејќи на 16 натпревари против овој тим има девет гола, а постигна хет-трик при последната пресметка, во Суперкупот на Шпанија во јануари.