Вилјареал ги растури Леванте и Барди, Хетафе го запре Реал Мадрид (ВИДЕО)

Екипата на Вилјареал освои важни три бодови во борбата за Лига Европа, откако вечерва го растури Леванте со убедливи 5-1, додека Реал Мадрид направи неочекуван кикс против Хетафе (0-0).

„Жолтата подморница“ почна да ја полни мрежата од деветтата минута, кога Постиго си даде автогол за 1-0, а потоа Морено погоди за 2-0. Сепак, Леванте се врати во игра преку Малса, кој намали на 1-2.

Вилјареал постигна уште три гола во вториот дел во мрежата на Леванте, и тоа два преку Чуквезе во 63. и 75. минута, додека Леванте си даде уште еден автогол за конечни 1-5.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра цел меч, но не можеше да им помогне на неговите соиграчи да се спасат од дебакл.

Реал Мадрид има за што да жали бидејќи одигра само 0-0 против Хетафе и сега има три бодови помалку од лидерот Атлетико Мадрид по 31 одигран меч во Ла Лига.