Вест хем го падна испитот на „Гудисон“: Евертон ја прекина серијата од четири порази! (ВИДЕО)

Евертон, по четири порази по ред во Премиерлигата, успеа да го совлада Вест хем со 2-0 на „Гудисон парк“ во деветтото коло.

Бернард по само 17 минути игра донесе радост за навивачите на „карамелите“, а гостите до крајот на првите 45 минути речиси и да немаа шанса за да го израмнат резултатот.

Во второто полувреме следуваше израмнета игра од двата клуба, но во финишот од мечот Сигурдсон погоди за 2-0 и ја „запечати“ победата на Евертон.