Верона победнички во Бергамо: Аталанта е во криза (ВИДЕО)

Аталанта на последните шест натпревари во Серија А има три порази, две ремија и само една победа. Вечерва „сино-црните“ загубија на свој терен од Верона со 0-2 во рамки на 9.коло. 

Головите гостинот ги постигна во последните половина час од натпреварот. Прво искусниот Мигел Велосо погоди од пенал во 62-та минута за 0-1, а точка на победата за Верона стави Матија Закани во 83-тата минута.