Вердер без решение за второлигашот Хајденхајм (ВИДЕО)

Вердер Бремен не успеа на домашен терен да стекне предност против Хајденхајм играјќи 0-0 во првиот натпревар од баражот за опстанок во Бундеслигата.

Се уште актуелниот прволигаш ја имаше фаворитската улога против тимот, кој финишираше трет на табелата во Втората Бундеслига, но не најде начин да дојде до гол. Домашните во финишот останаа и со играч помалку, поточно во 87-та минута, па немаше многу време за гостите евентуално да ја искористат играчката предност на теренот.

Вториот натпревар на кој Хајденхајм ќе биде домаќин се игра на 6 јули.