Венгер призна: Баерн Минхен ме бара за тренер

Арсен Венгер во изјава за „БеинСпортс“ призна дека имал контакт со Баерн Минхен и дека се закажани разговори во текот на идната недела.

Искусниот Французин ги потврди шпекулациите низ европските медиуми дека навистина имал првични разговори со челниците на „баварците“.

„Ми се јави Карл-Хајнц Румениге и ме праша дали би бил заинтересиран, бидејќи Баерн е во потрага по нов тренер. Заеднички одлучивме дека ќе зборуваме во текот на идната недела. Ова е вистинска приказна“, изјави Венгер.

Тој е без работа последните 18 месеци, откако го напушти кормилото на Арсенал по цели 22 сезони. Во меѓувреме Венгер работи во „БеинСпортс“ како стручен аналитичар на на фудбалските натпревари.