„Венгер не заминува доброволно, сигурен сум дека добил отказ“

Поранешната легенда на Арсенал, Јан Рајт, не мисли дека состанокот меѓу Арсенал и Арсен Венгер поминал како што е претставено пред јавноста.

Навивачите на Арсенал со месеци го критикуваат Французинот за лошата игра на „топчиите“, па сакаа да замине што е можно побрзо од екипата. Таа желба конечно ќе им се исполни, откако Венгер вчера најави дека заминува.

„Арсен Венгер е човек со принципи. Затоа сум убеден дека е отпуштен и дека не поднел оставка. Поради сите навреди кои беа испратени кон него, Арсен никогаш не би заминал пред крајот на договорот. Ова е тажна ситуација, а претпоставувам дека нема никогаш да дознаеме кој е одговорен зашто одговорните секогаш ќе се кријат позади некој друг. Во секој случај, тој може да ја крене главата, зашто мора да го испратиме како вистинска легенда на Арсенал“, вели Рајт.