Ван Дајк го истрола Португалецот: Зошто Роналдо никаде го нема на церемонијава?!

Еден од најдобрите дефанзивци на денешницата, Вирџил ван Дајк, со својата изјава дадена во Париз, пред почетокот на церемонијата за доделување на признанието „Златна топка“ го „прегази“ Кристијано Роналдо, кој сигурно нема да му го заборави ова на холандскиот дефанзивец.

Во разговор со двајца новинари, на Ван Дајк му било посочено дека Роналдо нема да биде присутен на церемонијата, што значи дека има еден ривал помалку за престижното признание, кое на крајот замина во рацете на Меси.

Но зошто, зарем тој беше кандидат за наградата? Зошто никаде го нема, иронично прашал дефанзивецот на Ливерпул, кој повторно не успеа да добие признание во конкуренција на Лионел Меси.

Инаку, Роналдо не се појави на вечерашната церемонија, кој одлучи да остане во Италија и да биде дел од прогласувањето на најдобриот фудбалер во Серија А.