Валенсија со триумф против Реал Сосиедад стигна до врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Валенсија успеа да слави на незгодното гостување кај Реал Сосиедад со 1-0, иако домаќинот се израдува во самиот финиш поради гол за 1-1, кој беше поништен по асистенција на ВАР-технологијата.

Гостите во 75. минута постигнаа гол за водство од 1-0, кое траеше до самиот крај на мечот, а домаќините израмнија на 1-1, но ВАР-технологијата го поништи голот поради игра со рака на фудбалер на Реал Сосиедад.

Валенсија со овој триумф се искачи на прво место барем за момент со седум бодови, додека веднаш зад нив се Бетис и Гранада со по шест бодови.