Валенсија се спаси, Ваљадолид отпадна од Примера! (ВИДЕО)

Трката за опстанок беше главната атракција во Шпанија, во последното коло од Ла Лига, затоа што три екипи беа во бегство од зоната која носи во Сегунда. Меѓу сите три, најнесреќен беше Ваљадолид кому му припадна 18. место и им се приклучи на Еспањол (19.) и на Елче (20.), кои од претходно беа патници во понизок ранг.

Иако играше на домашен терен, против Хетафе, Ваљадолид одигра 2-2 и дојде до 40 бода. Интересно и неговите конкуренти во борбата за опстанок одиграа реми. Алмерија се спаси во 87. минута, за конечни 3-3 на гостувањето кај Еспањол, а шесткратниот шпански шампион, Валенсија не дозволи да ја прекине серијата настапи во елитата, која е непрекината уште од 1986/87 сезона, за што доволни ѝ беа 1-1 кај Бетис.

Барселона си дозволи пораз кај Селта Виго со 1-2, а Реал Мадрид одигра 1-1 против Атлетик Билбао, кој остана без настап во Европа. Го освои осмото место, затоа што и Осасуна си одигра за себе со триумфот над Џирона со 2-1 и го прескокна на табелата.

Барселона е шампион со 88 бода, Реал е втор со 78, а Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад исто така одат во групите од ЛШ. Виљареал и Бетис ќе играат во Лига Европа, а Осасуна во Конференциската лига.

 

ЛА ЛИГА, 38. КОЛО РЕЗУЛТАТИ

Селта Виго – Барселона              2-1

Реал Мадрид – Атлетик Б.         1-1

Виљареал – Атлетико М.            2-2

Реал Сосиедад – Севиља           2-1

Осасуна – Џирона                         2-1

Мајорка – Рајо Ваљекано           3-0

Елче – Кадиз                                   1-1

Бетис – Валенсија                         1-1

Еспањол – Алмерија                     3-3

Ваљадолид – Хетафе                    0-0