Вака против Арсенал не може: Голманот на Лидс направи бизарен кикс (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал чекори кон победа во натпреварот против Лидс бидејќи има предност од 2-0, а вториот гол дојде по грешка на чуварот на мрежата на домаќините.

Сезонава Арсенал покажа дека е опасен од прекини, а токму тие се најсилно оружје на избраниците на Артета и денеска. Првиот гол на Зубиаменди дојде од акција на која претходеше прекин, додека при вториот голманот Дароу катастрофално реагираше по изведен корнер на Мадуеке.

Домашниот голман буквално сам си ја смести топкатта во мрежата, но мора да се каже и дека му пречеа негови соиграчи.