Вајналдум: Клоп го носеше името на Кристијано Роналдо на своите шорцеви пред финалето во ЛШ

Факт е дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, знае како лесно да ги мотивира своите фудбалери, а тоа најдобро го долови играчот од средниот ред, Џорџинио Вајналдум, кој откри дека неговиот менаџер носел панталони брендирани со Кристијано Роналдо пред финалето во Лигата на шампионите во 2018 година.

Притисокот врз фудбалерите на Ливерпул бил голем, бидејќи се подготвувале за првото финале во Лигата на шампионите по пауза од 2007 година, а Вајналдум откри дека Германецот има уникатен начин како да ги опушти своите пулени.

Видовме дека носи боксерски шорцеви на Кристијано Роналдо. Тој ја стави кошулата во своите боксери кои беа со иницијали „ЦР7“. Сите во соблекувалната паднавме од смеење. Тоа навистина ни го одвлече вниманието и целосно не опушти. Обично, во таа ситуации сите бевме сериозни и сконцентрирани. Но, Клоп одлучи малку да не опушти. Тој постојано прави шеги. Ако видите дека вашиот менаџер е навистина самоуверен и опуштен, тоа има ефект и врз играчите. Тој ни е како татко. Со шегите и говорот на телото, постојано го намалува притисокот врз нас, изјави Холанѓанецот за британски „Атлетик“.

Но, и покрај тоа, Ливерпул загуби од Реал со 3-1, прд се поради двете големи грешки на Лорис Кариус, но и прекрасниот погодок на Герет Бејл. Сепак, минатата сезона, тимот од „Енфилд“ дојде до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампиони, совладувајќи го во финалето Тотнем со 2-0.