Уапсен тинејџер кој ѝ се заканувал на сопругата на Хаверц

Англиската полиција соопшти дека е приведен тинејџер кој на социјалните мрежи ѝ се заканувал на сопругата на Каи Хаверц.

Софија добила директни закани на социјалните мрежи по поразот на Арсенал од Манчестер јунајтед, кога Каи Хаверц не реализираше пенал.

Полицијата информира дека приведеното лице има 17 години и живее во Лондон, а против него ќе биде поднесено обвинение.