Тухел сака фудбалер на Челси кој Лампард одамна го отпиша?

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел смета дека на неговата екипа ѝ е потребно ново засилување во одбраната, а изборот паднал на фудбалер на Челси, за кој навивачите сметаат дека не е добар избор.

Тухел во ПСЖ сака да го донесе Антонио Рудигер, кој е отпишан кај Лампард и наскоро треба да го напушти лондонскиот тим.

Проблемот е тоа што Челси сака да го продаде фудбалерот, додека ПСЖ во моментов сака стопер на едногодишна позајмица, па останува да видиме дали ќе се договорат некако со премиерлигашот.