Тухел решил која мега ѕвезда од ПСЖ на лето ќе биде продадена

ПСЖ најверојатно ќе мора да продаде една од своите ѕвезди во летниот преоден рок, а тренерот Томас Тухел веќе знае кој ќе го напушти клубот.

Тухел, наводно, има многу подобар однос со Нејмар, отколку со Килијан Мбапе, а исто така Бразилецот немал намера да го напушти Париз, па тоа според француските медиуми значи заминување на младиот Французин.

Мбапе вчера кажа дека во фудбалот никогаш не се знае што ќе се случи следно, а за него владее голем интерес, па би можел наскоро да се пресели во некој друг европски гигант.

Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Јувентус, кој веќе разговарал со родителите на младиот фудбалер, па наскоро би можеле да се договорат за соработка.

Сепак, Јувентус за таквиот трансфер ќе мора да продаде неколку фудбалери, а еден од нив би можел да биде Пауло Дибала, кој не е премногу важен во сегашниот тим на Јувентус бидејќи целиот товар го носи Кристијано Роналдо.