Тухел откри колку време Нејмар ќе биде надвор од терените

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел има доста проблеми со повредените фудбалери во својот тим, а дополнителна главоболка беше и повредата на Нејмар во средата против Башакшехир. 

Германскиот стратег соопшти дека Бразилецот ќе биде надвор од терените околу три недели и очекува да го има на располагање по завршувањето на интернационалната пауза.

„Разочарани сме. Нејмар има повреда на бутниот мускул. Ќе се врати во тимот по интернационалната пауза, мислам дека нема да може да игра ниту за Бразил“, рече Тухел.

За дуелот со Нант овој викенд, ПСЖ во тимот ќе ги нема ниту Мауро Икарди, Џулијан Дракслер, Леандро Паредес и Марко Верати, кои исто така се повредени.