Тричковски постигна два гола, АЕК испушти триумф против АПОЕЛ

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски одигра неверојатен натпревар за екипата на АЕК Ларнака, која испушти водство од 2-0, па на крајот ремизираше со 2-2 против АПОЕЛ.

Во првото полувреме имаше по неколку шанси на двете страни, но мрежите мируваа. Но, затоа во 64. минута Тричковски со својот прв погодок го отвори резултатот за водство на АЕК од 1-0. 11 минути подоцна Тричко повторно стрелаше и за предност од 2-0.

Сепак, АЕК ја загуби концентрацијата во продолжението од мечот, па АПЕОЛ за само две минути се врати во игра, Роман намали на 1-2, а Лукас ги постави конечните 2-2.