Четири меча во француската Лига 1 одложени од безбедносни причини поради протести

Четири меча во најсилното француско првенство Лига 1 нема да се играат викендов, поради стравувања за безбедноста, поради протестите кои во изминативе денови ја запалија Франција.

Антивладините протести поради посакувањето на цената на нафтата ја разпламнаа Франција, а протестите во кои има неверојатно насилство и пресметки на демонстрантите со полицијата, ја принудија Лига 1 да одложи три меча. Станува збор за мечот ПСЖ со Монпелје, сооглед дека во Париз се најжестоките протести, а одложени се и дуелите на Монако – Ница и Тулуз со Лион. Откако овие три меча првично беа одложени, предмалку и четврти меч нема да се игра, а тоа е пресметката на Сент Етјен со Марсеј.

Француската влада распоредува дополнителни сили за безбедност низ земјата по новите закани, односно протести кои се очекуваат викендов. Неколку стотини луѓе се повредени во изминативе денови на протестите на жолтите елеци.