Тренерот на Жирона објасни зошто не му дозволи на Миовски да го шутира пеналот

Синоќа врз Бојан Миовски беше направен пенал, при тој старт Македонецот се повреди, но сакаше да го шутира пеналот, сепак тренерот Мичел го извади од игра и го стави Стуани кој шутираше и даде гол.

Миовски со болки во зглобот го напушти теренот, камерите покажаа дека и покрај тоа тој сакаше да шутира и не му беше сеедно што излегува од игра.

„Еден од физиотерапевтите кажа дека Бојан го повредил скочниот зглоб па не сакав да ризикувам со оглед на тоа колку е долга листата со повредени играчи“, рече тренерот на Жирона, Мичел.

„Бојан требаше да го изведе пеналот, но моравме да повлечеме од игра, мора да мислиме на здравјето на играчите“.

„Се работи за извиткување на скочниот зглоб, мислам дека не е ништо сериозно, но не можевме да ризикуваме во овој момент“.

Во следните денови ќе бидат направени детални прегледи по што ќе се има појасна слика, а во моментов оптимистичките прогнози велат дека Бојан Миовски ќе биде подготвен веќе за натпреварот во вторник во Лигата на шампиони против ПСВ.

Оние попесимистичките прогнози велат дека Македонецот ќе паузира неколку дена и ќе ги пропушти двата натпревари пред паузата за репрезентативен настап.