Тренерот на Ренџерс презадоволен: Миовски исполни сè што побарав!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски го одигра најдобриот меч од доаѓањето во Ренџерс и постигна два гола во победата од 3-0 против Килмарнок, по што доби пофалби од тренерот Дени Рол.

Миовски постигна два важни погодоци со кои ги замолче критичарите, а притоа ја оправда довербата која му даде тренерот на Ренџерс.

„Разговаравме и Бојан направи голем напредок. Имаше добри шанси, лесно е прилагодлив на условите. Среќен сум кога напаѓач ќе постигне два гола, тоа е фантастично.по мечот против Фалкирк, зборувавме за просторот кој се отвора на теренот, што сакам да видам од него. На крајот, кога работите напорно, заслужувате да постигнете гол. Исполни сè што побарав“, кажа Рол.

Македонецот досега постигна четири голови за Ренџерс, и тоа три во шкотскиот шампионат и еден во Лига купот.