Требаше да биде дерби, но Аталанта го преслуша Лацио на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Аталанта продолжува да игра фантастичен фудбал на стартот на новата сезона во Серија А. Откако изминатиот викенд со 4-2 славеше кај Торино, денеска со 4-1 победи и на гостувањето кај Лацио. 

Натпреварот требаше да биде дерби, помеѓу двете екипи кои сезонава ќе го претставуваат италијанскиот фудбал во Лигата на шампиони, но гостите од Бергамо одиграа надмоќно и далеку поквалитетно од „лацијалите“.

Бековите на Аталанта ја најавија победата, бидејќи прво Робин Госенс го отвори резултатот во 10-тата минута. Во 32-та минута, Госенс асистираше, а Ханс Хатебур со прекрасен волеј зголеми на 0-2. Папу Гомез го постигна третиот гол за гостите во 41-та минута. Лацио за момент се врати во натпреварот преку Фелипе Каиседо, но Голмез со својот втор гол ги реши сите дилеми по еден час игра на „Олимпико“.