Трагедија во Италија: Фудбалска судијка почина за време на породување!

Фудбалска Италија тагува по информацијата за прераната смрт на судијката Марика Галиција, која почина денеска за време на породувањето, а нејзиниот син заврши во инкубатор поради проблеми со крвотокот.

Причина за нејзиното заминување е емболија на плодовата вода, што е нешто што ептен ретко се случува при породувањата. За време на нејзината бременост ништо не укажувало на ваков трагичен епилог, а проблемите почнале непосредно пред породувањето со царски рез.

Галиција повеќе од една деценија била судија на фудбалските мечеви и била омилена кај клубовите, кои вечерва се збогуваат со неа преку социјалните мрежи.