Трабзонспор го промовираше Барди (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера ги помина медицинските прегледи и потпиша тригодишен договор со турскиот шампион Трабзонспор, кој денеска го промовираше преку социјалните мрежи.

Барди доаѓа во турскиот гигант по пет години поминати во Леванте, па ќе заработува годишна плата од 1,5 милиони евра, како што објавија локалните медиуми, а во Трабзонспор ќе го носи дресот со број 29.

Леванте за трансферот на македонскиот фудбалер од Трабзонспор доби три милиони евра.