Тотнем го победи Арсенал во трката по Тел од Баерн Минхен
19-годишниот фудбалер доаѓа на позајмица до крајот на сезоната со опција целосно да биде откупен за 60 милиони евра.
Интерес за напаѓачот имаше и од Арсенал, но Тотнем беше поконкретен и ја доби битката.
„Со задоволство може да соопштиме дека потпишавме со Матис Тел на позајмица од Баерн Минхен. Тој ќе го носи бројот 11“, стои во соопштението на клубот од Северен Лондон.