Тотнем го елиминира Престон и избори осминафинале во ФА-купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем вечерва беа подобри од Престон со 3-0 во ФА-купот и обезбедија место во осминафиналето.

Хеунг Мин-Сон беше ѕвезда на вечерта бидејќи постигна два гола, и тоа во 50. и 69. минута, додека победата ја потврди Данџума во финишот (3-0).

Место во осминафинале веќе обезбедија Саутемптон, Лестер, Манчестер сити, Лидс и Бристол сити.