Торино убедлив во Салерно, Бонџорно и Радоњиќ донесоа три бода (ВИДЕО)

Торино со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Салернитана, два погодоци постигна Радоњиќ, еден беше дело на Бонџорно.

Екипата на Торино се прикажа во одлично светло во Салерно и скокна на седмата позиција по денешниот триумф.

Серијата погодоци беше рано отворена, во 15. минута Бонџорно погоди за водство на Торино од 1-0.

Следуваше шоу на српскиот фудбалер Немања Радоњиќ кој во 41. минута зголеми на 2-0, а по пет минути игра во второто полувреме погоди и за предност од 3-0 што беше и конечен резултат.

Осум минути подоцна Радоњиќ постигна и трет гол, се израдува на хет-трик, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

Во следното коло Торино ја пречекува Рома.