„Топчиите“ се вратија на плус осум: Арсенал го сомле Лидс за седма победа по ред (ВИДЕО)
Првиот меч како стартер на бразилската ѕвезда Габриел Жесус, кој пред нешто повеќе од три недели се врати во тимот на Арсенал, со два гола денеска учествуваше во победата, која ја завери Арсенал со два гола во воведните десет од вториот дел
Жесус даде гол во 35-та минута од пенал за водство, а Бен Вајт во 47-та и Жесус во 55-та веќе го однесоа Арсенал на убедливи 3-0 и беше јасно дека лондоначни ќе освојат три бода, па до крајот Кристенсен во 76-та даде почесен гол за Лидс, а Гранит Џака стави печат на победата на шест минути пред крајот.
Бормут запиша голема победа во битката за опстанокот со 2-1 против Фулам за да излезе од опасната зона, како и Кристал Палас со гол во 95-та минута за триумф против Лестер, додека Нотингем Форест ремизираше 1-1 ремијата кај Вулверхемптон во трката да се избега од зоната за испаѓање да остане пеколна.
Кристал Палас кој е 12-ти сега има 30 бода е на само пет бода од Лестер, кој е прв во црвената зона на 18-то место, во групата во која уште Вулверхемптон има 28 бода, Нотингем форест и Бормут по 27, Лидс и Евертон по 26. Вест Хем е претпоследен со 24, ама има и три меча помалку од Кристал Палас и Вулверхемптин, а два од останатите ривали, додека Саутемптон со 23 е последен.
Брајтон и Брентфорд одиграа спектакуларно реми со шест гола во кое Алексис Макалистер со гол од пенал извади бод за Брајтон.