Коло Муани му донесе голема победа на бледиот Јувентус (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус извојува тешка победа на гостувањето кај Комо (1-2), благодарение на двата гола на Рандал Коло Муани.

И покрај неубедливата игра на тимот на Тиаго Мота, францускиот напаѓач беше клучниот фактор за триумфот. Коло Муани го отвори резултатот во 34. минута, но Комо успеа да израмни во судиското продолжение од првото полувреме. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Јувентус доби пенал во 89. минута, а Коло Муани беше прецизен за конечни 2-1 и значајни три бода за својот тим.

Составот од Торино сега има 43 бода и е на четвртата позиција на табелата и со 11 помалку од лидерот Наполи, кој има и натпревар помалку.