Толку беше од Хаџиевски во Вардар - се пресели во Саудиска Арабија (ФОТО)

Ѓоко Хаџиевски повеќе нема да ја извршува функцијата на спортски директор во најтрофејниот македонски клуб Вардар, откако денеска беше промовиран како нов тренер на второлигашот Хајер од Саудиска Арабија.

Поранешниот селектор на Македонија се сели во Хајер, кој утрово го отпушти Родион Гачанин во чиј стручен штаб беше и бившиот македонски голман Един Нурединоски, но неговиот статус понатаму не се знае, зашто отказ доби само хрватскиот стратег.

Хаџиевски претходно тренираше голем број екипи, како Хата, Најран, Ал Дарфа, но и дел од македонските клубови како Вардар, Пелистер, Силекс и други.