Толку беше: Гатузо си замина од Валенсија!

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо не е повеќе тренер на шпанска Валенсија и денеска официјално се раздели со „љиљаците“.

Темпераментниот Италијанец се раздели со бившиот шпански првак после состанокот со претседателот Лајхун Чан, откако било заклучено дека клубот не може да му ги обезбеди посакуваните засилувања, а со тоа резултатите не се посакувани.

Гатузо бараше фудбалер за врска, а посебно му фрли око на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми од Динамо Загреб, но Валенсија која веќе подолго време се мачи со финансиите, не успеа да му овозможи никакви засилувања за продолжение на сезоната.

„Валенсија сака да ја информира јавноста дека денеска спогодбено е прекината соработката со тренерот Џенаро Гатузо. Клубот му благодари на тренерот за сета посветеност досега и му посакува сѐ најдобро во иднина. Тимот утре се враќа во погон под палката на 'Воро' Гонзалез“, објави шпанскиот клуб.