Тодоровски сакаше да нафрли, даде – еврогол (ВИДЕО)

Макеоднскиот репрезентативен десен бек Тодор Тодороски ја најави победата на својот Сумгаит во азербејџанското првенство со 2-1 против Габала и тоа со – еврогол.

Десниот бек, кој пред еден месец даде голчиште во ремито со истиот противник како денеска, овојпат повеќе сакаше да центрира одошто да бие, ама на крај го измами противничкиот голман во 28 минута и му даде гол за водство, а Абубакар четири минути во вториот дел ја обезбеди победата.

Сумгаит има 15 бода и е трет одзади на табелата, пет бода пред последнопласираниот Сабаил со меч повеќе.